Поп и учител по веронаука шверцувале дрога

Полицијата во Чачак, Србија, пресече ланец на криумчарење на наркотици и заплени повеќе од 27 килограми сканк (марихуана). Во акцијата се уапсени и свештеник и учител по веронаука.

Двајцата се уапсени синоќа во Мрчајевци кај Чачак, при контрола на патничко возило марка „Пасат“. Во преправен бункер во возилото се најдени 52 пакета дрога.

 

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
- Реклама -