Поради грешка на SIM картичката, во опасност 750 милиони луѓе

Повеќе од 750 милиони SIM картички во светот имаат програмска грешка, која може да биде злоупотребена. Ова го тврди германскиот експерт по софтвер Карстен Нохл, кој себеси сака да се нарекува “етички хакер”. Тој всушност е човек кој пронаоѓа грешки во сигурностните системи и го соопштува тоа на компанијата која ја има грешката.

Потенцијалот да се искористи грешката во SIM картичките е огромна, односно таа им овозможува на хакерите да ги соберат личните податоци на сопственикот и да дозволи илегални парични трансакции во неколку минути- вели Карстен.
1

Тој веќе во официјален допис го известил Синдикатот за меѓународни комуникации на ОН, кој пак најавил дека писмено ќе ги извести сите поголеми мобилни оператори во светот.

Карстен објаснува дека за да се искористи “фабричката грешка” на SIM картичката треба да се употреби нов метод на хакирање, а откако тоа ќе се направи ќе ги имате сите податоци од вашиот мобилен телефон (од приватни пораки, до било каков вид на документ) и негово тотално надгледување.

Она што го загрижува светот е дека нема едноставен начин да се утврди кој има таква SIM картичка, а Карстен се обидува со проценката дека постојат околу 750 милиони картички во светот со “фабричка грешка”!?!?

Извор: RT.com

- Реклама -