Кога метерологот Ерик Холтаус од САД го направи стариот трик на претворање на врелата вода во снег и го закачи видеото на Youtube, веројатно не ни очекуваше што ќе следува. Во обид да го пробаат тоа, барем 50 луѓе завршија во болница со сериозни изгореници.
[youtube]http://youtu.be/QCrrJs2areo[/youtube]
Кога температурата надвор изнесува 25 степени и кога фрлата врела вода во воздух, таа самата се претвора во снег. Со години наназад многумина го правеа тоа и го ставаа на интернет, воглавно Руси и жители на скандинавските земји, но видеото на Ерик поттикна многумина Американци да се обидат да пробаат дома. Имало и такви кои не се снашле добро, па ете успеале на минус 25, да се здобијат со големи изгореници.
[youtube]http://youtu.be/gXGdZDVRFK0[/youtube]