Поради маглата, видливоста на некои патни правци е значително намалена.

Појава на магла предизвика намалена видливост до 40 метри на планинските премини Стража, додека на Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово видливоста е ограничена на 30 метри. Во Крушево, пак, е намалена на 50 метри. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки, иако коловозите се влажни. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.

Прочитајте и:  (Видео) Жена го блокирала железничкиот сообраќај во Сиетл: слепо ѝ верувала на навигацијата и завршила на шини