Поради неа научил српски јазик, а сега ќе ја жени: Победникот на Евровизија се жени со Босанка

Шведскиот пејач Монс Селмерлев, овогодинешниот победник на Евровизија, го демонстрираше своето мало познавање на српскиот јазик за време на неговата посета на Белград, а за тоа знаење може да и се заблагодари на девојка од Босна.
Оваа информација ја потврди и Бојана Стаменов, српската претставничка на овогодинешната Евровизија. Бојана рече дека ќе пее на свадбата на Монс, и дека пејачот лично ја поканил.

– Монс се жени. Се разбира дека ќе му пеам. Морам да ви откријам дека тој се забавува со девојка од Босна. Не успеав повеќе да го прашам, но таа е огнена бринета. Швеѓанецот знае што е добро и какви се Босанките- рекла Бојана за српскиот „Kurir“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

 

- Реклама -