Поради руската инвазија, ЕУ со рекордно производство електрична енергија од обновливи извори

Брисел, 18 октомври 2022 (МИА) – Европската унија од почетокот на руската инвазија врз Украина произведува електрична енергија од обновливи извори повеќе од било кога досега.

Според податоците објавени во студијата изготвена од тинк-тенковите „Ембер“ и „ЕЗГ“, во периодот од март до септември 24 отсто од електричната енергија во ЕУ била произведена од соларни електроцентрали и оние на ветар.

Споредено со истиот период минатата година, учеството на соларната и еолската енергија за производство на струја е зголемено за три процентни поени. Во посочениот период се произведени вкупно 345 терават-часови (TWh) електрична енергија од ветер и сончева енергија, што е за 39 TWh повеќе отколку лани.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни

Германија во односниот период достигнала рекорд со произведени 104 TWh електрична енергија од сонце и ветер. Рекордно производство електрична енергија од ветер и сончева енергија постигнала 19 земји од ЕУ, меѓу кои Франција, Италија, Полска и Шпанија.

Со рекордното зголемување на употребата обновливи извори, избегната е потребата од набавка на осум милијарди метри кубни природен гас, по цена од 11 милијарди евра, се посочува во соопштението објавено во врска со резултатите од студијата.

- Реклама -