Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Селесте Пин, загина вчера во својот дом на 64 години.
Како што известуваат медиумите, неговото тело било пронајдено во Фиренца од страна на еден роднина, кој веднаш се обратил на полицијата.
Сега, органите на редот ја истражуваат причината и околностите што доведоа до неговата смрт.
Пин имаше активна фудбалска кариера од 1979 до 1996 година и играл во клубови како што се Перуџа, Фиорентина, Верона и Сиена.
Вкупно одиграл 263 натпревари во Серија А и 136 во Серија Б.




