По изборот на Адем Чучуљ за единствен кандидат за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска, во своето гостување на ТВ Сител сподели мислења за предизвиците што го очекуваат новиот лидер.
„Адем Чучуљ има богат професионален опус и навистина може да донесе многу. Но, неговата задача не завршува со тоа, туку ќе мора активно да ја исполни улогата на претседател на ДКСК. Не станува збор само за искуството; вниманието на јавноста ќе биде насочено кон него. Тој ќе треба да ја зголеми транспарентноста, да ја подобри комуникацијата со граѓаните, но и да се справи со другите членови на комисијата кои до сега биле помалку активни и повлечени во работењето. Не знам дали ќе успее, но од него се очекува да воведе нови методи и принципи на работа кои ќе помогнат во решавањето на идентификуваните слабости во извештајот на Европската комисија“, истакна Ивановска.
Таа додаде дека новото водство ќе мора да постави повисоки стандарди на отчетност и поголема отвореност кон јавноста, ако ДКСК сака да ја врати довербата и да ги надмине проблемите кои траат со години.




