Поранешниот сопруг ја откри вистинската причина за нивниот развод

Поранешниот сопруг на една од најубавите актерки и жени во светот откри зошто дошло до развод.
Францускиот актер Винсент Касел проговори за разводот со Моника Белучи за француското издание на списанието „Marie Claire“.

„Возрасниот маж добро знае дека жените вистински ги сакаат само своите деца. Го велам тоа без љубомора. Недостатокот на љубов е проблем кај повеќето возрасни. Ретки се урамнотежените личности, а јас немам впечаток дека сум еден од нив“, рекол 47-годишниот актер.

Тој и една од најубавите актерки во светот се разведоа во август минатата година по 14 години брак, а заедно имаат две ќерки- Дева и Леоние.

- Реклама -