Порно евра се користат како вистински

bank1Лажни еротски ЕВРО
банкноти продавани како шега, успешно беа подметнати како вистински деновиве во
Германија. Банкнотите од
300, 600 и 1000 евра имаат прстен од 12 срца наместо знакот на
Европската Унија, како и голи жени и мажи наместо вообичаените слики.


 

bank1

Лажни еротски ЕВРО
банкноти продавани како шега, успешно беа подметнати како вистински деновиве во
Германија. Банкнотите од
300, 600 и 1000 евра имаат прстен од 12 срца наместо знакот на
Европската Унија, како и голи жени и мажи наместо вообичаените слики.

Зборот „Евро“ кој
е испечатен во аголот е заменет со „Ерос“ – Грчкиот бог на љубовта.

Но и покрај овие
очигледни разлики и фактот што Еврата доаѓаат во вредност од 100, 200 и 500 –
полицијата тврди дека тие не често се заменувани како вистински.

Еден продавач во
Келн примил една ваква банкнота од 600 евра за две штеки цигари и на купувачот
му вратил 534 евра кусур.

„Ми рече дека е
нов вид на банкнота и претпоставував дека е вистина бидејќи немав видено
таква.“ – изјавил продавачот.

Запрашан,
портпаролот на полицијата во Келн изјавил:

„Можете веднаш да
приметите дека се работи за фалсификат. Освен тоа, не постојат банкноти од 600
евра. Секој што ќе се обиде да ги подметне како вистински, дури и како шега –
ќе биде кривично гонет.“

Прочитајте и:  Сокот од цвекло и калинка помага на здравјето на срцето, се подготвува за кратко време, вкусен е и здрав

 

bank2

 

- Реклама -