Порно актерите минатата ноќ во Лас Вегас конечно добија признание за својата макотрпна работа, на гала вечерата, каде беа доделени наградите за најдобрите порно достигнувања од предходната година.
Доделувањето на “AVN” наградите во голема мера наликува на Оскарите, со оглед на тоа дека постојат исти категории, како оние за најдобар актер и актерка, како и најдобра режија.
Оваа година за најдобро порно актерка е прогласена Реми Лакрокс, додека наградата за најдобар порно актер припадна на Томи Ган.
Водителки на доделувањето беа Шанел Престон и Саманта Сеинт, кои крајно професионално ја изработиле својата работа.
„Ова е една од најпознатите доделувања на награди во порно индустријата и се одржува веднаш по најголемата секс конференција која ја посетуваат сите обожаватели. Секако дека ова е најгламурозното доделување на награди од сите и зад себе има и најголема продукција“, кажала Шанел.