Porsche го претстави Macan GTS

Германската компанија Porsche ја покажа верзијата Macan GTS базирана на Macan S. Тркалата на моделот се 20-инчни RS Spyder Design, а надворешноста има сјајни и мат акценти. 

Ентериерот пак е опремен со седишта од алкантара, а како стандард се нуди Porsche Communication Management. Системот доаѓа со 8 звучници.

Моторот на спортската верзија е 3.0 литарски V6 со две турбини, кој равива 360 КЅ и 500 Nm, а за трансмисија е избрана 7-степената PDK со две спојки. Двојниот погон го забрзува автомобилот до 100 km/h за 4,8 сек.

Покрај малите модификации во моторот Macan GTS има рекалибриран систем за стабилност, која го засилува спортското управување. Потпирањето е со воздушен систем,  Porsche Active Suspension Management, кој ја прилагодува цврстината на амортизацијата. Исто така нивото е со помеѓу 10 и 15 mm пониско од тоа на Macan Turbo.

/Автоплус

- Реклама -