Porsche работи на екстремен Cayman GT3

Претходната генерација на Porsche Cayman располагаше со топ верзија, која како дополнување во името ја имаше буквата R. Тоа значи дека пред вас е изведба со мала тежина, поцврста суспензија и засилен мотор. Во новата генерација на моделот, Германците сепак сакаат да се откажат од наставката R, а наместо неа ќе пристигнува верзија Cayman GT3.

Во Porsche стигнале до заклучок дека користењето на буквата R во името не носи соодветни резултати, бидејчи малкумина знаат дека Cayman R е наречен така во чест на екстремниот купе 911 R, пуштен во 1967 година. Во исто време ознаката GT3 е далеку попозната на секој кој го интересира брендот, како кратенка со која се обележуваат нејзините најбрзи и најмоќни автомобили.

Затоа компанијата ќе објави екстремна GT3 верзија на Cayman, на која веќе се работи напорно. Главниот инженер на проектот Porsche 911 GT3 – Андреас Пренингер, откри дека се уште не е донесена одлука каков мотор ќе добие ѕверката, но прецизира дека таа ќе се нуди само со автоматска трансмисија PDK.

Во моментов најмоќната верзија на моделот е Cayman S. Таа се потпира на 3.4 литарски честцилиндерски мотор со моќност од 325 КЅ. Со него спортскиот автомобил забрзува од 0 до 100 km / h за 5 секунди.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -