Портрети на племиња пред да исчезнат засекогаш

Тешко е да се замисли еден ден од животот на племето Kата, кога сме се населиле на  удобно меѓу четири бетонски ѕида, а бежичниот интернет нè поврзува со остатокот од светот. Ката се принудени да се преместуваат  5-10 пати годишно, да градат нови населби при температури од  -40 степени и да користат елени за превоз, храна и облека.

Before They Pass Away е еден долг проект на фотографот Џими Нелсон – односно благодарение на него имаме единствена можност да видиме  над 30 изолирани племиња од целиот свет, кои полека умираат.

Џими поминал 2 недели кај  секое  од нив, запознавајќи се  со нивните традиции, земајќи  учество во нивните ритуали и фотографирајќи ги на особено привлечен начин.

[youtube]http://youtu.be/KFam-gtZ4Sk[/youtube]

Неговите детални фотографии покажаа уникатни накит и фризури.  Според Нелсон неговата цел е  светот никогаш  да не заборави како се вршеле работите некогаш.

„Најмногу сакав да создадам еден амбициозен и естетски фотографски документ кој ќе го замрзне  времето. Еден труд, кој ќе биде незаменлив – етнографска архива на  световите кои брзо исчезнуваат. Погледнете неколку  уникатните фотографии на племињата. Дали би се откажале од смартфонот, телевизијата и интернетот, за да живеете како овие луѓе?

1 3 pleme 4 5 6 7 8

15 16 179 14

- Реклама -