Португалските клубови заработиле најмногу од трансферите на фудбалерите


Водечките клубови од првата португалска фудбалска лига остварија најголема заработка во светот од трансферите на играчи во периодот од 2015 до 2024 година, се вели во извештајот на Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES).

Според податоците на CIES, португалските клубови заработиле 2,34 милијарди евра. На второ место е англискиот шампионат со заработка од 1,5 милијарди, трета е холандската Ередивизија со 1,49 милијарди, а во ТОП пет се бразилската лига (1,47) и аргентинската Примера (1,29).

Од продажбата на своите играчи најмногу профитирала лисабонската Бенфика која во анализираниот период заработила 816 милиони евра. Клубот од португалската престолнина ги надина Ајакс и Ред Бул Салцбург на CIES рангирањето, кои заработија 473 милиони евра, односно 401 милион евра.

Во ТОП 10 има уште три португалски клуба. Петтото место го зазеде Спортинг Лисабон со добивка од 345 милиони евра, седмо Порто со добивка од 296 милиони евра, а осмо Спортинг Брага со добивка од 279 милиони евра.

Интересно, од регионот на оваа листа фигуриа само загрепски Динамо, на деветтото место со заработка од 255 милиони евра.

Од 2015 до 2024 година, Челзи потрошил најмногу на трансфери, дури 2,78 милијарди евра. На второ место е Манчестер Сити со 1,96 милијарди, а трет е Манчестер Јунајтед со 1,95 милијарди.

Кога во равенката ќе се вклучат трошоците за трансфер и приходите од трансфери, Манчестер Јунајтед и лондонски Челзи направиле најголеми загуби – 1,3 милијарди евра, односно 1,2 милијарди евра. Трет на листата на неславни е Пари Сен Жермен со загуба од 991 милион евра.

Вкупно англиските клубови потрошиле 23 милијарди евра на засилувања во споменатиот период, на второ место се италијанските клубови со потрошени 10,08 милијарди, а на третото место е шпанска Примера со 7,94 милијарди евра.

- Реклама -