Последици што го носи со себе хроничната ненаспаност

Научниците од калифорнискиот универзитет Беркли (САД) објаснуваат како ненаспаноста доведува до нарушувања во трансформацијата на краткотрајната меморија на долг рок и придонесува за развој на Алцхајмерова болест.
Истражувачите спровеле серија експерименти на 26 возрасни луѓе, а тие требало да запомнат одредени зборови. По осумчасовен сон следното утро ги прашале да ги повторат зборовите.  Кај волонтерите кои полошо ги паметеле зборовите и не спиеле долго, бета-амилоидот во кората се нашол над нормата. Така научниците дошле до заклучок дека меѓу лошиот сон и акумулацијата на бета-амилоид постои одредена врска.

Очигледно високата концентрација на бета-амилоид во префронталната кора го спречува навлегувањето на мозокот во фаза на длабок сон, што придонесува за понатамошна акумулација на бета-амилоид.

Освен тоа бета-амилоидот го попречува преносот на краткотрајни спомени во долготрајната меморија во префронталната кора. Сега научниците планираат да одржат низа експерименти за да разјаснат кој од овие два фактори почнува да дејствува прв: бета-амилоид го поткопува здравиот сон и придонесува за развојот на Алцхајмерова болест, или ненаспаноста води до акумулација на бета-амилоид со сите негативни последици.

nesonitsa

Пет или шест часа

На некои им требаат девет или десет часа, а на некои само пет часа спиење. Но едно е сигурно – хроничниот недостаток на сон води до болест. Ако спиете премалку ќе ви ослабе имунитетот и телото ќе страда, што е пат кон низа болести.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

На долгата листа на болести, чести се болестите на срцето, но исто така и психичките болести. Нашето физичко и ментално здравје се нарушува поради специфичен процес. Всушност, во текот на спиењето нашето тело произведува хормони кои се од суштинско значење за лекување и враќање на сите наши клетки.

Ако не спиеме доволно, нашето тело и понатаму ќе ги произведува хормоните еритропоетин, хормон за раст и тестостерон, но нема да ги произведува во доволни количини, што ќе влијае на целокупната состојба на организмот, особено на здравјето.

Стручњаците предупредуваат дека денес човекот повеќе го исцрпува психичкиот замор, отколку физичкиот и дека поради тоа му треба повеќе сон.  Можеби мислите дека лицата кои работат физичка работа по осум или повеќе часа се физички исцрпени и дека им е потребно повеќе сон од другите. Но вистината е поинаква.

Физички неактивните луѓе кои во текот на денот се заморуваат психички имаат поголема потреба за сон од оние кои се физички активни. Имено главна причина зошто спиеме е да да му дозволиме на телото да произведува поголем аколичина од хормонот еритропен, хормонот за раст и тестестерон, па да создаде залихи за да можат да заздрават и да ги обноват своите клетки за новиот ден.

- Реклама -