Последните автомобилски икони со мануелен менувач

Интересен е фактот дека во спортските ѕверки се почесто се вградуваат изведби со автоматска трансмисија, па и со до 10 степени на пренос, односно онаа мануелната како да „изумира“?

Сarfection претставува неколку спортски икони, кои всушност се едни од последните претставници со мануелна трансмисија. Хетерогениот избор вклучува достапни претставници на преден пренос, 4х4 и на заден, како и еден супер спортски автомобил.

Првиот е „Англичанецот“ MINI JCW Challenge – 231 коњска сила и 320 Nm кои доаѓаат со новиот 2.0-литарски мотор, со многу цврсти регулирања на суспензијата и нови тркала во пакетот Challenge, како и отворен издувен систем. Стилски и оригинален претставник, кој е способен да надмине и многу поскапи и помоќни автомобили на патеката и надвор од неа, кој се докажал со времето.

Вториот е Ford Focus RS. За него автоматските менувачи, дури и не се во понуда. Моќноста од 350 коњски сили и 440 Nm вртежен момент доаѓаат од 2.3-литарскиот EcoBoost и се пренесуваат непречено на сите тркала, иако неговото однесување на патот е поблиску до тоа на автомобил со заден пренос. Овој автомобил не тера да се посетиме за постоењето на култните Evo и WRX STi.

Третиот доаѓа од Германија и по дефиниција е најбрзиот. Станува збор за најновиот миленик на фановите на штутгартската компанија – Cayman GT4, кој дефинитивно прераснува во бестселер. Тоа е лесно објасниво – шестбрзински мануелен менувач, атмосферски 385 коњски сили од 4.0-литарскиот боксер и многу елементи од GT3 – предната оска, сопирачките, како и тркалата. Тука, сепак, распределбата на тежиштето е многу подобро, бидејки моторот е поставен централно.

Последниот во оваа серија е нешто многу драгоцено и ретко – Aston Martin V12 Vantage S. Амосферски 12-цилиндерски 6,0-литарски мотор со моќност од 571 коњски сили и 620 Nm вртежен момент и седумстепен рачен менувач со повратен распоред. Интересно за него е дека без оглед на рачен или автоматски менувач, забрзувањето е исто – 3.7 секунди од 0 до 100 km/h.

- Реклама -