Послепиот пол

70% од неколкуте илјади испитаници на возраст од 18-54 години откриле дека ги игнорирале предупредувачките знаци и фактот дека нивната избраничка не е правата личност за нив, додека биле во врска. За сето ова стануваат свесни дури по раскинувањето или разводот.

Исто така 70% признале дека се забавувале најмалку со една личност која подоцна се покажала многу поразлична отколку што се претставувала.

Од друга страна, жените многу подобро ги идентификуваат предупредувачките знаци, барем според резултатите од овој репрезентативен примерок, за разлика од мажите, кои се „потполно слепи“ во љубовта.

Но вака отпосле, испитаниците сепак ги идентификуваат најважните „знаци за узбуна“. Прв таков знак на списокот е бесот на партнерот. Потоа следи склоноста кон лажење, желбата за контрола, неподготвеноста да се изразува љубов пред другите, непредвидливоста, изневерувањата во претходните врски, а тука некаде се и зависностите, променливото расположение, незрелоста и проблемите со законот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -