Посни кроасани – како да ги подготвите дома

Да подготвиме највкусни посни кроасаниm! Со нашиот избор на посни рецепти, креирајте солени или слатки кроасани што совршено ќе се вклопат со кафе или чај за појадок или ужина. Неповторлив вкус!

Потребни состојки:

Подготовка: Во сад за месење комбинирајте квасец, млака вода и шеќер и мешајте додека се растопи квасецот. Потоа додајте масло, половина од брашното и сол. Измешајте ги состојките, а потоа постепено додавајте го останатото брашно. На набрашнета работна површина замесете меко тесто и оформете го во топка. Поставете го во сад, покријте го со најлонска кеса или крпа и оставете го на топло место да нарасне околу 30 минути.

Откако тестото ќе се удвои, премесете го и поставете го на брашнетата површина. Поделете го на два еднакви дела и со оклагија развијте тенка правоаголна кора. Премачкајте со маргарин и од врвната страна на кората преклопете ⅓ од неа кон средината. Повторете ја истата процедура на долниот дел, за да добиете правоаголник. Вака оформената кора повторно намачкајте ја со маргарин и свиткајте ја во ролат од кратката страна. Покријте го тестото и оставете го да отстои 15 минути.

Развијте тенка правоаголна кора и исечете ја на триаголници. Останатите краеви може да ги искористите за мали ролати. На плех со хартија за печење, наредете ги кроасаните. Загрејте ја рерната на 250 степени, покријте ги кроасаните со крпа додека се загрева. Печете ги 20 до 25 минути во загреана рерна. По печење, оставете ги покриени 5 до 10 минути пред да ги послужите. На здравје!

Дополнителни совети: За слатка варијанта, додајте ванилин шеќер во тестото и малку сол. Користете мармалад за фил и после печење, поросете со шеќер во прав.