Посни вкусни крофни

Викенд заблажување за овие Велигденски пости, можете да си ги направите и за појадок или вечера. Нека ви се на здравје!

Подготовка

1. Ставете го брашното и направете дупка во средина во која ќе го ставите квасецот и шеќерот. Солта ставете ја околу во брашното. Ставете го и маслото и со млаката вода (во водата ставете го ванила екстрактот) замесете тесто.
2. Месете го малку подолго да стане мазно. Оставете го да стаса. Откако ќе стаса размесете го и расукајте го со дебелина од 5 мм.
3. Вадете кругови со калапче или чашка. На секој втор круг ставете по една лажичка мармалад.
4. Потоа поклопете со круг тесто. Земете за 5-6 мм друго калапче или чашка и направете нов круг на споените теста. Така ќе се спојат тестата од страните и нема да излегува мармаладот.
5. Оставете ги барем 10 минути да стасаат.
6. Пржете ги во загреано масло ама не на висока температура (на пример на 4 од 6 на рингла).
7. Посипете ги со шеќер во прав и послужете.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Забелешка

Околу 400 мл вода може да ви отиде при замесување на тестото, а може и помалку, зависи од брашното. Треба да замесите средно меко тесто.
Ако користите свеж квасец оставете го да нарасне заедно со 1 лажица шеќер и една лажица брашно и малку вода.
Рендана кора од лимон ставам, ама некои од домашните не ја сакаат во крофни, така да ставете ја по ваш избор.
Начинот на спојување може да го правите и на друг начин…Расукајте две идентични теста, со калап обележете ги круговите на едното тесто. Ставете мармалад на кругчињата, па ставете го второто тесто одозгора. Отприлика каде што ви е повисоко тестото таму ќе е мармаладот, па сечете кругови.
Искрено горе објаснетиот начин ми е посигурен, со веќе формирани кругови. Остатокот од тестото замесете го повторно, расукајте и направете пак крофни…

MOIRECEPTI.mk

- Реклама -