Рекордот по бројот на луѓе коишто истовремено се наоѓаат во ниската орбита на Земјата беше поставен во средата со лансирањето на руското вселенско летало „Сојуз МС-26“ со тројца членови на екипажот, така што моментално во вселената има 19 претставници на човечката раса, повеќе од кога и да е досега.
Покрај руските космонаути Иван Вагнер, инаку специјален дописник на новинската агенција ТАСС, и Алексеј Овчинин и астронаутот на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Доналд Петит, кои последни полетаа, сега е во орбитата е и екипажот на 71-та мисија на Меѓународната вселенска станица (ISS) – руските космонаути Олег Кононенко, Николај Чуб и Александр Гребенкин, астронаутите на NASA Трејси Дајсон, Метјуу Доминик, Мајкл Барат, Џенет Епс. Таму се и Американците Бари Вилмор и Сунита Вилијамс, кои непланирано останаа на станица по инцидентот со нивото летало „Starliner“, од првата мисија со екипаж на „Boeing“, и чие планирано враќање на Земјата со капсулата беше оценето како опасно.
Истовремено во земјината орбита се и кинеските тајконаути Ји Гуанфу, Ли Цун и Ло Гиангсу кои се на смена на кинеската орбитална станица „Тиангонг. Покрај тоа, екипажот на комерцијалната мисија „Polaris Dawn“, Американците Џаред Исакман, Скот Потет, Сара Гилис и Ана Менон, моментално се во вселената.
Претходниот рекорд беше поставен во мај 2023 година: тогаш, поради промена на смената, на кинеската станица наместо три имаше шест тајконаути, а вкупниот број на луѓе во ниската орбита на Земјата беше 17 луѓе.