Постигнат е договор помеѓу премиерот Зоран Заев и крилото на Беса на Билал Касами, соопшти портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието.
Тој не прецизираше што конкретно е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија.
Според неофицијални извори, прифатени се двете барања на Беса, но договорено е да бидат вградени во закони, а не во Уставот.
Според неофицијалните информации, со ова и дефинитивно се обезбедува потребното двотретинско мнозинство од 80 пратеници за изгласување на уставните измени. Претходно Костадинов не одговори дали е обезбедно двотретинското мнозинство, но нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека тоа ќе биде направено до моментот на гласање.
Според „Макфакс“, во меѓувреме најавена е и средба на Заев со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Се очекува наскоро претседателот на Собранието – Талат Џафери, која и денеска беше закажана за во 12 часот, а потоа одложена за 15 часот.
Како што пренесоа некои медиуми, некои пратеници веќе се подготвуваат да се вратат во салата, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се во партиското седиште и одбиваат да дадат поддршка за уставните измени.