Постои ли живот по раѓањето?

Две близначиња разговараат во стомакот на мајка им:

 
 
– Веруваш ли во живот после раѓањето?

– Секако, сигурно постои нешто по раѓањето. Можеби сме овде токму за да се подготвиме за животот после раѓањето.

– Тоа е глупост. Нема живот по раѓање. Како би изгледал тој живот, воопшто?

– Не знам точно, ама уверен сум дека ќе има повеќе светло и дека ќе можеме да трчаме и да јадеме со нашите усти.

– Тоа е потполна бесмислица. Знаеш дека е невозможно да трчаме и да јадеме со устата. Затоа имаме папочна врвка, која патем, е прекратка. Ти велам, нема живот после раѓањето.

– Уверен сум дека постои нешто. Нешто различно од она што го живееме сега.

– Ама никој не се вратил од таму. Животот завршува со раѓањето. Освен тоа, не би бил живот ако не е само постоење во тесна и мрачна околина.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

– Па не знам баш точно како изгледа животот по раѓањето, ама во секој случај, мислам дека ќе ја сретнеме нашата мајка. Таа ќе се грижи за нас.

– Мајка!? Ти сериозно веруваш во мајка?! Па, еве по твое, каде би била таа наша мајка?

– Па, секаде околу нас, се разбира. Благодарение на неа, ние сме живи. Без неа воопшто не би постоеле.

– Не верувам! Си ја видел некогаш? Не! Јасно е дека не постои!

– Можно е. Ама понекогаш, кога сме потполно мирни, мислам дека можам да ја слушнам како пее и го милува нашиот свет. Некако уверен сум дека животот допрва почнува откако ќе се родиме.

- Реклама -