Министерството за дигитална трансформација и компанијата „Oracle“ склучија спогодба за соработка која ќе овозможи развој на дигитални вештини, обука и преквалификација за граѓаните. Оваа спогодба беше потпишана од потпретседателот на Oracle, Пјер-Ален Баетц, и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Соработката, покрај тоа што отвора нови можности, ќе ја поврзе образованието, институциите и граѓаните со најсавремените технологији, практични алатки и програми.




