ОН: Потврдени над 500 убиени цивили во Украина, но реалните бројки се многу повисоки

Женева, 9 март 2022 (МИА) – Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила вкупно 1.424 цивилни жртви од почетокот на инвазијата врз Украина пред две недели.

Канцеларијата за човекови права на ОН прецизира дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнува дека верува дека реалните бројки се „значително повисоки“.

Канцеларијата посочува дека повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.

Во извештајот се додаваат ажурираните бројки од градовите Волноваха, додека од Мариупол и Изиум се уште се потврдуваат по наводите за стотици цивилни жртви.

Русија негира дека таргетира цивили во нејзината инвазија на Украина.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -