Повредени две патнички при нагло кочење на автобус на ЈСП, едната со потешки повреди

Вчера околу 15:20 часот, на раскрсницата на „Водњанска“ и „50-та Дивизија“, автобус на ЈСП со број 50 морал нагло да закочи за да избегне да удри во друго возило што му го пресекло патот.

При кочењето, се повредиле две патнички во автобусот – В.А.(60) и К.С. (52), двете од Скопје. Двете со возило на Итна помош биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а тешко повредената В.А. била задржана на лекување.

Па ете, другпат кога планирате да се испречите пред градски автобус, можеби ќе биде фино прво да помислите на тие внатре.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата
- Реклама -