Поврзаноста на јајцата и сексот

Британските научници тврдат дека начинот на кој подготвувате јајца го открива статусот, но и сексуалните навики на индивидуите.Дури и вашите кулинарски навики откриваат делчиња за вашата личност.

Британските научници тврдат дека јајцето на чинијата ги открива потеклото, статусот, но и сексуалните навики на луѓето.

Истражувањето било спроведено на 1.200 лица и дошло до следните резултати:

Пржени јајца

Оние кои за доручек преферираат пржени јајца обично се луѓе со голем сексуален апетит.

Варени јајца

Варените јајца најчесто се избор на оние кои лошо ги организираат времето и обврските. Честопати станува збор за инпулсивни лица кои се егоцентрични и не се грижат премногу за туѓите потреби, поради што се често осамени. Оние кои преферираат тврдо варени јајца не се фантазери во кревет, баш како и јајцето на чинијата.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Омлет

Луѓето кои сакаат омлет со различни додатоци, најчесто ги карактеризира самодисциплина и воздржаност. Тие се држат до принципот „Златна средина“, а најчесто се многу педантни, па и во креветот.

Јајце на око

Модерните луѓе кои водат сметка за своето здравје и ги следат гастрономските трендови најчесто се одлучуваат за јајце на око. Оние кои го преферираат најчесто се среќни и здрави. јајцата на око се избор на луѓето од повисоката средна класа или угледни семејства. Овие луѓе имаат добар сексуален апетит.

- Реклама -