Пожарите ја однесоа првата жртва, изгорела жена во Челопек – тврдат очевидци за „ТВ24“

Пожарите што ја зафатија земјава ја зедоа и првата жртва, објави „ТВ24“. Според очевидци, во големиот пожар во Старо Нагоричане, поточно во село Челопек изгорела жена која обидувајќи се да се засолни од огнот се заклучила во куќата и не успеала да се извлече.

Од полицијата велат дека не можат да ја потврдат информацијата додека не го најдат телото, но поради пожарот, кој сѐ уште беснее, тие немаат пристап до куќата, пренесува „ТВ24“.

Според Борис, кој живеел со жената, помош пристигнала кога веќе сѐ изгорело. Изјавата ТУКА.

- Реклама -