Познати криминалистички романи на легендарната Агата Кристи

Со нејзиниот едноставен стил на пишување и рафинирани дијалози како нејзина главна наративна форма, неочекувани пресврти таа го освои целиот свет.

Агата Кристи е британска писателка, најпозната по своите детективски и криминалистички романи. Родена е 1890 година.

Нејзините книги се продадени во повеќе од две милјарди примероци. Преведени на десетина јазици, а екранизацијата на нејзините дела ја зголемува нејзината популарност. Најпознат лик од нијзините криминалистички романи е Херкул Поаро.

Еве дел од роаманите:

Убиcтвo во Ориент Експрес

Кога некој ќе ја спомине Агата Кристи, на многумина прво што ќе им падне на памет е токму овој роман. Дејсвието во романот е толку едноставно, прати група на патници кои што се заглавуваат во снежна бура, а едниот од нив американски тајкун е избoдeн со нoж. Вратата на неговото купе е заклучена од внатре, што славниот детективи Херкул Поаро кој што исто така се наоѓа во возот, ќе го натера „да ги употреби неговите мали сиви ќелии“

Интересно е што писателката за пишувањето на овој роман била инспирирана од вистинскa случка, а голема посветеност на деталите и описот на возот во самиот роман потекнуваат од фактот дека таа самата патувала со овој воз за да може да го пренесе што по верно.

 Убиcтвoтo на Роџер Акроид

Овој роман кој на некој начин ја вивнува Агата меѓу звездите се крие позди името на богатиот Роџер. Всушност ова е романот во кој Поаро се враќа по шест години од излегувањето на првиот роман на Агата. Во овој роман Поаро е веќе во пензија и тој повлечено живее на село, надевајќи се дека таму ќе најде мир.

Но, кога е yбиeн неговиот пријател и тоа на денот на веридбата на негоиот син, Поаро тргнува во неочекувана авантура од која што на површина ќе испливаат многу одамна заборавени спомени.

Токму овој роман е прогласен за најдобар роман на сите времиња од страна на Британската организација на писатели на криминалистички романи.

Пете мали прасиња

Роман во кој Агата Кристи отстапува од секојдневнотo пишување, па се користи со ретроспектива на минатото на една жена која што е обвинета за yбиcтвo на својот сопруг.

Но, 16 години подоцна, нејзината ќерка е решена да ја докаже невиноста на нејзината мајка. Има дури пет можни yбиjци и секој од нив, од гледна точка, носи своја приказна за денот кога се случило yбиcтвoтo.

Филип Блејк, Мередит Блејк, Елса Грир, Сесилија Вилијaмс и Ангела Варен ве водат на вистинското патување и потрага по убиецот. Но, еден детал кај Поаро ќе привлече многу внимание.

Од книжевното творештво на Агата Кристи кој роман и да го одберете ќе го прочитате во еден здив.

 

- Реклама -