Познатиот актер му порача на Клуни: „Дај, замолчи веќе!“

Се чини дека познатиот актер Кристијан Бејл нема големи симпатии кон Џорџ Клуни.
Пред да се ожени со Амал Аламудин, Џорџ за Daily Mail изјавил дека медиумот не му дава мир и дека многу му смета. Но, се чни дека тоа што се жали од медиумите и папартаците му засметало на Бејл.

„Не е важно што тој зборува за тоа. Ајде, луѓе, замолчете веќе. Помирете се си тоа, живејте ги своите животи и престанете постојано да се жалите за тоа. Јас лично не лелекам поради медиумите и папараците“, рекол Бејл и додал: „Некои луѓе те провоцираат како животни во зоолошка градина и бараат да им одговориш. Ако си паметен, нема тоа да им го дозволиш. Ако си гупав, како јас понекогаш, ќе им одговориш. И потоа тие го добиваат она што го сакале. Потоа обично зажалувам за тоа…“

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Актерот, за разлика од Клуни, не дозволува на фотографите да го вознемируваат. „Бев во Италија со сопругата. Јас ќе отидам на работа, таа би го напуштила хотелот. Секогаш некој стоеше пред хотелот и сешто ѝ дофлаше на мојата сопруга. тоа била стратегијата, а јас не сакав да им го дадам тоа задоволство да го видат лутиот Кристијан Бејл. Но, исто така, таквите луѓе ја убиваат мојата хуманост и моето достоинство како сопруг ако не реагирам“, рекол Бејл.

- Реклама -