Познатиот хрватски задовник се жени по четврти пат: „Никогаш не знаете што ве чека во животот“

Екипата на „inMagazin“ дознава дека актерот Франо Ласиќ одлучил да ја ожени својата долгогодишна девојка, Белграѓанка за која медиумите многу малку знаат.

На актерот ова ќе му биде четврти брак, а дека „сидрото“ го фрлил во Белград, докажува и фактот што минатата година таму отворил ноќен клуб.

Screenshot_8

Веќе со години Франо Ласиќ може се почесто да се види во Белград. Иако долго се верувало, според изјавите на актерот, дека причина за тоа е работа, се чини дека „зајакот“ се криел во друга грмушка. Од блиски извори на актерот се дознава дека одлучил да се жени по четврти пат.

Screenshot_9

„Никогаш не можете да кажете НЕ на тоа, бидејќи никогаш не знаете што ве чека во животот“, рече своевремено Франо.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

За избраничките на Франо малку се знае. Ова ќе биде негов четврти брак. Првиот пат срцето му го освои Маја Никшиќ, со која го има синот Јанк. Потоа се оженил во 1983 година со Лилјана од Белград. Се развеле по само 21 ден, со што Франо го постигна рекордот во траењето на брак во Хрватска. Десет години подоцна тој рекол „Да“ на словенската манекенка Живо Стипник, со која има и две деца.

Screenshot_10

Се чини дека фаталната Милена успеала да го осви срцето на згодниот актер и среќниот пар наскоро ќе заплови во брачните води.

Screenshot_12

- Реклама -