Познатиот пар на свечена вечера

По раѓањето на малата Норт Вест пред малку повеќе од една година целото внимание беше (и сеуште е) насочено кон неа. Тоа е сосема нормално и природно, но Ким и Кание докажаа дека знаат да си посветат внимание и еден на друг.

Со толку многу одговорности и родителски обврски, веројатно на секој пар му се случува да заборави, дека иако и двајцата се родители, се уште се  една вљубена двојка. Ким Кардашијан и Кание Вест ретко се случува да се појават без Норт, но вчера вечерта тие одлучија да се занесат во романтична вечера во ресторан “Hakkasan “во Лондон и папараците успеаја да ги фатат на излез од нивниот хотел.

 

Треба да се истакне дека г-ѓа Кардашијан-Вест изгледаше исклучително стилски. 33-годишната мајка беше облечена во бел фустан со прекрасен акцент на половината со должина до глуждовите и со долги ракави. Визијата на ѕвездата се дополнува со спектакуларени бели чевли на модната марка “Balenciaga”.

 

Ким покажува дека фустаните  се истовремено практични и префинети.

Кание Вест се беше облечен во црни искинати фармерки, бела кошула и екстравагантна јакна. Стилот на раперот е секогаш малку несериозен, но тоа е типично за музичка ѕвезда од неговиот ранг.

 

Кога станува збор за модни икони во умот ни изникнуваат доста имиња, претежно од шоу бизнисот и модна писта. Ким и Кание со години станаа едни од најдобро облечените популарни личности. Дали ви се допаѓа координираниот стил на семејство Вест?

- Реклама -