Прашањето на кое ни Google нема одговор

Google е едно од првите места на кои барате брзи информации за сè, од информации поврзани со нова диета до разни математички прашања. Едно од најбараните прашања на пребарувачот за годинава гласи „колку е нула поделено со нула“.

Причината поради која што прашањето беше едно од најчесто поставуваните во 2015 година е тоа што на интернет се прошири приказна за тоа што ќе се случи ако виртуелната помошничка Сири, која постои на мобилните уреди, ја прашате колку е нула поделено со нула.

nula

„Замисли да имаш нула колачиња и да ги поделиш подеднакво на нула пријатели. Колку колачиња добива секој од нив? Гледате? Нема смисла. И Cookie Monster е тажен што нема колачиња и ти си тажен што немаш пријатели“, гласи нејзиниот досетлив одговор, што можете да го слушнете подоле во видеото.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Бидејќи истиот предизвика лавина реакции, многумина посакаа да дознаат дали делењето на нула со нула е навистина невозможно, па прашањето го изгуглаа. Проблемот на делењето на нула со нула е во тоа што резултатот не може да се дефинира. Ние не можеме да знаеме дали нулата содржи нула, или е една нула точно една нула. Или многу нули?

Значи 0:0 нема дефинирано решение, бидејќи може да ја претставува било која вредност.

- Реклама -