Правете го ова пред спиење: Ќе спиете подобро и ќе живеете подолго

Тргнете ги електронските уреди подалеку од спалната соба и направете ја собата што е можно потемна навечер со цел да го избегнете ризикот од разни болести како што се ракот, велат истражувачите, а пренесува пританскиот весник The Daily Mail.
Отстранете ги сите извори на вештачка светлина за време на спиењето за да се запрат штетните ефекти врз вашиот биолошки ритам кој е поврзан со болести како рак, дијабетес, депресија и дебелина.

Еден научник кој го проучува ракот на дојката, Ричард Стивенс, вели дека мора да почнеме да ја цениме темната средина, бидејќи дури малку затемнување во домот навечер му помага на мозокот и телото да се подготват за спиење.

„Како што е потребен длабокиот сон за нашата благосостојба, така потребна е и нашата изложеност на темнина во ноќта. Важноста на спиењето е општо познато во размислувањето и практиката, но важноста на затемнувањето сè уште во голема мера се потценува“, вели Стивенс.

Стивенс од Универзитетот на Конектикат, вели дека нашиот биоритам е развиен да ја следи дневната шема на сончева светлина и шемата го следи и лачењето на хормони, работата на гените, телесната температура и метаболизмот. Вештачкото светло за возврат може да предизвика нарушувања.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Во еден напис објавен во списанието „Philosophical Transactions B“, Стивенс предупредува за штетните ефекти на вештачките улични светла и домашното осветлување.
„Прекумерното осветлување под ноќното небо е важно прашање, како што се климатските промени“, укажува Стивенс, додавајќи ги негативните ефекти на вештачкото осветлување на посебно ранливите деца, вклучувајќи ги и неродените бебиња.

Се верува, на пример, дека вештачкото осветлување го нарушува лачењето на мелатонин, кој го спречува појавувањето на ракот во дојката.

Истражувањата покажаа дека жените кои работат во текот на ноќта се изложени на поголем ризик од развој на рак на дојката и ноќните работни часови се поврзани со зголемен ризик од рак на простата и дебелото црево. Други студии ја покажуваат можната врска меѓу вештачкото осветлување во текот на ноќта и појавата на дијабетес, депресија и дебелина.

- Реклама -