Речиси секој ја почитува својата теорија за мотивациона активност и расудува над конкретни рецепти за преминот од теорија кон пракса. Едно од нив е и правилото за 20-те минути, што во крајна линија води до сосема едноставен психолошки ефект дека за 20 минути секој може да создаде каква и да е акција, колку и да е голем отпорот против неа.
Oва е интересен метод изборите со мрзеливоста и да ја подигнете мотивацијата…
1. Оној кој се занимава со спорт по 20 минути секој ден, нема зошто да се грижи за своето здравје.
2. Оној кој издвојува 20 минути на ден за чистење и уредување, нема да се губи во безредие.
3. Оној кој издвојува по 20 минути на ден за подобрување на концентрацијата, не треба да се грижи за креативни кризи.
4. Оној кој издвојува по 20 минути на ден, за да го сослуша својот најблизок човек, нема да има прилики да се мачи со проблеми во односите.
5. Оној кој издвојува по 20 минути на ден за да се слуша во себе и да си води белешки, не вреди да се загрижува дека ќе страда од недостаток на идеи.
6. Оној кој работи 20 минути на ден на создавањето на извори за приходи, нема да страда од финансиски непријатности.
7. Оној кој издвојува 20 минути на ден за одмор, нема да се изгуби себе.
8. Оној кој чита корисна книга барем 20 минути на ден, нема да се измачува прашањето како да стане способен човек.