Православните верници слават голем празник во чест на Св. маченичка Петка

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, кога се слави празникот посветен на Св. преподобна маченичка Петка.

Оваа Параскева (Петка) родум била од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедала словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигнала до римскиот суд. Неколку пати била предавана на маки, но Господ ја исцелувала на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсекол главата. Моштите и биле зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострадала за Христа во вториот век.

Извор