Ханс Стауфенберг (36) од Минхен пред 4 години бил на одмор во Хрватска. Сепак, дури неодамна му стигнало писмо од хрватска адвокатска канцеларија во кое од него се бара да плати 400 евра казна за паркирање.
Германецот тврди дека ова е погрешно од повеќе причини. Прво, никој во Хрватска не го предупредил за престапот, со белешка оставена под бришачите, на пример. Второ, казните за лошо паркирање во Хрватска се од 10 до 20 евра. Германецот истакнува дека во писмото се вели дека има рок од 14 дена да плати.
Интересно е што во писмото од адвокатите пишува дека постои налог за присилна наплата, а истиот не е додаден во писмото.
Челникот на правниот центар на Германскиот автоклуб (ADAC) – Маркус Шапе, тврди дека ваквата казна не може да биде наплатена присилно, а за тоа има одлучено самиот Европски суд на правдата. Го советува Стауфенберг да го извести европскиот суд и за својот случај.
Тогаш што се случува? Имено, Германците наведуваат дека ова не е изолиран случај. Германските медиуми наведуваат дека источноевропските адвокати кои извршуваат долгови често успеваат да извршат притисок со вакви писма, и практично да ги натераат странците, во случајов Германците, да платат можеби и повеќе отколку што е потребно.