Предлог филм: Чудо во ќелија број 7

Miracle in Cell No. 7  е филм за бескрајната љубов меѓу таткото и неговата ќерка. Филм што ги буди сите емоции – љубов, неправда, тага. Едноставно филм што мора да се препорача.

Лу Јонг – го е ментално заостанат татко, кој што има интелигенција на 6 годишно дете и живее заедно со неговата сакана ќерка на истите години, Је – сунг. Еден ден тој е уапсен под сомневање дека силувал и убил шест годишно девојче, ќерка на полициски комесар, по што е осуден на доживотен затвор.

Во ќелијата број 7 престојуваат неколку ситни измамници и крадци, на чие чело стои поранешен Јакуза. Како и во секој затвор, педофилите се најомразените затвореници, па пристигнувањето на Лу Јонг ќе значи само едно – дека ќе биде тепан и малтретиран. Сепак, затворениците од ќелија 7 набрзо ќе сфатат дека Лу Јонг „не е лоша личност“ и дека неговата единствена желба е да си ја види ќерката. Авантурата почнува.

Корејскиот „Чудо во ќелија број 7“ е филмиште кое обработува бројни теми и интензивно емотивно патување што нема да ви дозволи да го заборавите. Ќе се смеете, ќе се лутите, ќе плачете. Но, ќе вреди.

Тука ќе завршиме со краткиот вовед, а останатото го оставаме на вас.

- Реклама -