Предлог филм: Short Term 12

Тоа е филм кој што може да се препорача со цело срце! Од првиот момент до самиот крај не дозволува да го загубиме интересот или поврзаноста со случувањата.

Соживува, насмевнува, растажува, раскажува.

Дејствието се одвива во еден центар за деца и тинејџери напуштени или загрозени од семејно насилство или пак, со родители во затвор. За нив се грижат група млади воспитувачи, од кои еден дел самите поминале низ филтерот на бездомници.

Грејс е централниот лик на водечки едукатор во центарот, чиј што живот во почетокот на филмот изгледа сосема спокојно. Таа е уверена во она што го прави, си ја сака многу работа и во исто време има до себе партнер свој колега со кого ги делат не само тешкотиите во центарот, туку и личниот живот под еден покрив.

Со течението на сценариото, се гуши и хармонијата во животот на Грејс. Едно од момчињата во центарот полни 18 години и треба да си замине, но се чини дека не е подготвено да се сретне повторно со светот. Во исто време пристигнува нова девојка – Џејдан во која што Грејс се препознава толку многу што започнуваат да испливуваат на површината сите црни дамки, до неодамна заклучени во строго доверлива кутија.

Грејс има неверојатен пристап кон овие деца. Таа го наоѓа вистинскиот збор, вистинското движење, гест, поглед, поддршка и граница на начин кој успева да ги совлада негативните емоции на самохраните и трауматизирани тинејџери.

Филмот е богат со интерперсонална динамика, интересни слики,  остри конфликти и длабоки повреди. Едноставно, прекрасен е!

- Реклама -