Според податоците на ДИК, од обработени 87,88% од избирачите, односно 90,75% од избирачките места, 380.946 од гласовите се за Пендаровски, а 320.393 гласале за Силјановска.
Со тоа, разликата во гласовите за Пендаровски во однос на гласовите за Силјановска се искачи на над 60.000.
Според досега обработените податоци, гласале вкупно 727.248 избирачи, а излезноста е 45.77%.
25.909 ливчиња се неважечки.