Предупредување за цунами по два силни потреси во близина на источниот брег на Камчатка

Предупредување за цунами по земјотреси во Камчатка

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде аларм за полуостровот Камчатка, кој се наоѓа во рускиот Далечен Исток, по два потемелни земјотреси. Поголемиот од нив имаше јачина од 7,4 степен, а се случи рано утрово во близина на Тихи Океан.

Овој земјотрес беше на длабочина од 20 километри, а неговиот епицентар се наоѓаше 144 километри источно од градот Петропавловск-Камчатски, кој брои околу 180.000 жители.

Неколку минути пред тоа, беше забележан и прв земјотрес со јачина од 6,7 степен во близина на источниот брег на Камчатка, според информации од Германскиот истражувачки центар за геонауки. Епицентарот на првиот земјотрес беше на длабочина од околу 10 километри.

Прочитајте и:  Детали за апсењата од утринава: уапсени седум лица, расветлена криминална група поврзана со дрога и оружје

Досега нема информации за жертви или материјални штети.