Преглед Лига на нациите: Франција ја победи и мина Италија, Англичаните и Норвежаните одат во А лигата


Во натпреварот од последното коло од А2 групата на Лигата на нации, Франција победи против Италија со 3:1 во Милано и заврши прва во својата група пред Италијанците со подобра гол разлика.

Двете екипи веќе се пласираа во четвртфиналето, а натпреварот на „Сан Сиро“ го реши победникот во групата. Французите до победата ги предводеше двојниот стрелец Адријан Рабио (2, 65), а автогол си постигна италијанскиот голман Гиљермо Викарио (33) по слободен удар на Диње. Андреа Камбијасо (35) погоди за Италијанците.

Франција во март во четвртфиналето ќе се соочи со селекцијата која заврши на второто место во нивната група, избегнувајќи ги Шпанија, Португалија и Германија.

Во вториот натпревар од истата група Израел како домаќин во Будимпешта ја победи Белгија со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Жарден Шуа во 86. минута. Белгија со четири бода ќе игра во баражот за опстанок во Лигата на нации А како третопласирана, додека Израел испадна во Лигата Б со ист број бодови, но полоша гол разлика.

Фудбалерите на Англија и на Норвешка ги освоија првите места во своите групи во Б Лигата на нациите и со осигураа пласман во повисокиот ранг од континенталното натпреварување.

Англија ја победи Ирска со 5:0 на лондонски „Вембли“, победа со која се вратија во највисоката класа на натпреварувањето. „Гордиот Албион“ го чекаше второто полувреме откако првото заврши 0:0, постигнувајќи три гола за пет минути преку Хари Кејн (53 пенал), Ентони Гордон (55) и Конор Галагер (58) – пред Џерод Бовен (75) и Тејлор Харвуд-Белис (79) да ја завршат работата. Ова е петти успех во шест официјални натпревари за привремениот селектор Ли Карсли, а новиот тренер Германецот Томас Тухел ќе ја преземе селекцијаа од 1 јануари.

Грција, поразена на домашен терен од Англија во клучниот натпревар во четвртокот, останува втора во групата по успехот во Финска (2:0). Англија има 15 бодови, второпласираната Грција има исто толку бодови, третопласираната Ирска има шест бодови и ќе игра во баражот за опстанок во Лигата на нациите Б, а Финска нема бодови и испадна во Лигата Ц.

Норвешка обезбеди пласман со победата од 5:0 на домашен терен над Казахстан, со трите гола на Ерлинг Халанд.

Австрија и Словенија одиграа 1:1 со Виена, па Австријците ги чекаат плејофот за А групата, а избраниците на Матјаж Кек ги чекаат дополнителни два натпревара за да останат во Б лигата. Роман Шмид беше стрелец за Австрија во 27. минута , а за Словенија беше Адам Гнезда Черин во 81. минута.

Фудбалерите на Македонија и Ерменија победија во последното коло од 4. група Ц од Лигата на нации, и притоа македонската селекција по ремито на гости кај денешниот противник нанижа пет последователни победи

Во Скопје на арената „Тоше Проески“, Македонците ги совладаа Фарските Острови со 1:0 со голот на напаѓачот на шпанска Жирона, Бојан Миоски во 62. минута и го потврдија првото место во групата со пет победи и едно реми. Така, македонската селекција следната година ќе се натпреваува во поквалитетниот сегмент од континенталното натпреварување – Лига Б.

Ерменците победија со 2:1 против Летонија и го освоија второто место во групата и плеј-офот. Едуард Спетсјан (48) ги доведе гостите во водство, израмни Роберфтс Улдрикис (70), а победа на Ерменија и донесе напаѓачот на Клуж, Артур Миранјан (74).

Македонија го освои првото место во групата со 16 бодови и претходно обезбеди пласман во Б дивизијата од Лигата на нации. Ерменија е на второто место со седум бодови, Фарските Острови се трети со шест, додека Летонија е последна со четири бода.

- Реклама -