Преглед Лига на шампионите: Сити испушти водство од три гола, Баерн подобар од ПСЖ


Фудбалерите на Манчестер Сити режираа уште еден неверојатен натпревар и резултат, ја прекинаа серијата порази но во петтото коло од Лигата на шампионите на домашен терен го испуштија водството од 3:0 против Феенорд и ремизираа 3:3.

Во голем дел од играта Манчестер Сити беше подобар и напаѓаше, но долго време холандскиот тим одржуваше 0:0 благодарение на одличниот германски голман Веленројтер. Сепак, Манчестер Сити поведе во 44. минута кога Халанд реализираше пенал.

Сѐ поизвесно стана дека Манчестер Сити ќе ја прекине серијата од пет порази со победа, откако Гундоган зголеми на 2:0 во 50. минута, додека Халанд беше стрелец во 53. минута за 3:0. И тогаш започна неверојатен пресврт. Во 75. минута хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол направи сериозна грешка со намера да ја исфрли топката всушност го проигра противничкиот играч Хаџд Муса, а овој го намали резултатот на 1:3.

Потоа Хименез погоди за 3:2 во 82. минута, додека Ханко во 89. минута израмни на 3:3, а претходно згреши домашниот голман Едерсон кој истрча од сопствениот гол. Сити можеше да победи во судиското надополнување, но Грилиш ја погоди гредата.

Во дербито на вечерта, Баерн го совлада ПСЖ со 1:0 на својата „Алијанц арена“ со голот на Ким Мин Јае во 38. минута, кој од непосредна близина по корнер погоди со глава. Дотогаш се играше целосно изедначено, свои шанси имаа и парижаните, а гостите беа дополнителнооддалечени од бод(овите) во 56. минута кога Дембеле доби втор жолт картон. На крајот од натпреварот Баерн можеше да постигне и втор гол, но Мусиала ја погоди стативата.

Натпреварот беше исклучително важен за Баерн и ПСЖ, бидејќи ниту една екипа немаше добра позиција на табелата пред овој натпревар. Сега Баерн има три победи, додека парижаните се на само четири бода. Имаат победа, реми и дури три пораза.

Спортинг во претходно коло го совлада Манчестер Сити со убедливи 4:1 во Лисабон, но во ова тешко настрада од англискиот ривал. Арсенал победи со 5:1 на стадионот „Хозе Алваладе“.

Во првото полувреме Арсенал дојде до три гола предност по головите на Мартинели во 7., Хаверц во 22. и Габриел во 45. минута. Веднаш на стартот на вториот дел Спортинг успеа да намали, надежтите се појавија кога Гонкало Инасио намали на 1:3, но тоа беше само привид во оста токот од мечот. Сака погоди од пенал во 65. минута и Тросар во 82. минута за конечни 5:1.

Ова беше втор натпревар за Спортинг по заминувањето на тренерот Рубен Аморим и веројатно знак за потешки денови за клубот од Лисабон.

Третата победа сезонава ја оствари Баер кој дома во Леверкузен играше со Салцбург и на крајот победи со 5:0. По првото полувреме Баер имаше 3:0 и со оглед на шансите можеше да има двојно поголема предност. Виртц постигна два гола, во 8. минута од пенал и во 30. минута, додека во 11. Алекс Грималдо реализираше одличен слободен удар. Во продолжението Шик и Алекс Гарсија ја комплетираа победата со головите во 61. и 72. минута.

Аталанта и по пет кола е сѐ уште непоразена, откако во пресметката со Јанг Бојс славеше со дури 6:1 и сега клубот од Бергамо има три победи и две нерешени дуели. На овој натпревар Аталанта го прими првиот гол сезонава во Лигата на шампионите, Ганвула погоди за моменталните 1:1, но тоа ни малку не ги попречи Италијанците.

На полувремето Аталанта имаше големи 4:1. Два гола постигна Ретеги, а еден Де Кетелаере со дури три асистенции. На 5:1 зголеми одличниот белгиски играч Де Кетелаере во 56. минута, а на крајот Самарџиќ погоди за гостите.

Фудбалерите на Интер одиграа нов тврд натпревар, но миланскиот тим вредно собира бодови. Пред своите навивачи на Лајпциг победија со 1:0 со автоголот на Лукеба во 27. минута. Интер сега има четири победи и едно реми, а сѐ уште е без примен гол.

Рутинска домашна победа оствари Барселона, која го совлада Брест со 3:0. Тоа беше прв пораз за францускиот тим по трите победи и едното реми. Во 10. минута Левандовски погоди од белата точка за 1:0, додека Брест беше скршен од голови во продолжението. Стрелци беа Дани Олмо во 66. минута и повторно Левандовски во 92. минута. Ова го донесе полскиот напаѓач до 101 гол во текот на кариерата во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Милан и Атлетико Мадрид забележаа победи на гости кај Слован Братислава и Спарта Прага во првите натпревари од петтото коло. Тоа беше трета победа и за Милан и за Атлетико. Од друга страна, Слован го забележа петтиот пораз во петтиот настап, додека Спарта сега има победа, реми и три порази. Милан победи кај Слован со 3:2, додека Атлетико убедливо со 6:0 ја победи Спарта во Прага.

Милан во средината на вториот дел го здроби Слован во Братислава. До 68. минута беше 1:1, иако италијанскиот тим дотогаш беше многу подобар. Милан поведе во 21. минута со голот на Пулишиќ, но словачкиот првак се врати само три минути подоцна кога Барсегјан со гол го заврши домашниот контранапад.

Во 68. минута Милан повторно дојде во водство по убавата реакција на Рафаел Леа, кој го префрли противничкиот голман, додека во 71. минута беше 3:1 по голот на Абрахам.

Натпреварот ненадејно зовре во 88. минута кога одличен гол за Слован и 2:3 постигна Марчели, кој од 18 метри упати гаѓаше во самиот горен агол на противничкиот гол. Веднаш потоа Слован остана со играч помалку, хрватскиот фудбалер Марко Толиќ „црвене“ бидејќи упорно приговараше на досуден фаул и за неколку секунди заработи два жолти картона. Толиќ влезе во игра во 76. минута, а на крајот со играч помалку домаќинот немаше можност да го освои првиот бод во Лигата на шампионите.

Мадридски Атлетико многу полесно извлече бодови, победи против Спарта во Прага со дури 6:0. Атлетико поведе во 15. минута кога Аргентинецот Хулијан Алварез постигна прекрасен гол од слободен удар од 20 метри. Во финишот на првото полувреме мадриѓаните го зголемија водството, а голот во 43. минута го постигна Маркос Љоренте.

Во продолжението од натпреварот Атлетико постигна уште четири гола. Во 59. минута по една убава акција Алварез го постигна вториот гол на натпреварот. Стрелец беше Гризман во 70. минута, додека се беше заокружено со головите на Кореа во 85. и 89. минута.

- Реклама -