Кошаркарите на Кливленд Кавалирс продолжија да победуваат на стартот од новата сезона, а по триумфот од 114:106 на гостувањето против Филаделфија 76ерс имаат соодност 13:0. Повторно најзаслужни за победата беа динамичните чувари Дариус Гарланд со 25 поени и Донован Мичел кој со 23 коша, 13 скока и 9 асистенции беше блиску до „трипл-дабл“. Кај Сиксерс, кои играа без Џоел Ембиид и Пол Џорџ, се истакна Џеред Мекејн со 34 коша и 10 асистенции. Сиксерс со овој пораз паднаа на соодносот 2-9.
Шампионите Бостон Селтикс на гости лесно ги совладаа Бруклин Нетс со 139:114. Одличен беше Џејсон Тејтум со 36 погодоци, 10 асистенции и 9 скока, додека кај домашниот тим подобар од останатите беше Зиаир Вилијамс со 23 поени. Со скор од 10-3, Селтикс се цврсто на второто место на Истокот, додека Нетси паднаа на 5-7.
Оклахома Сити Тандер се осамостоија на врвот на Западот со рутинската победа од 106:88 на домашен терен против Њу Орлеанс Пеликанс. Премногу за гостите понудија Џејлен Вилијамс со 31 и Шаи Гилџеус-Александер со 29 поени, а Брендон Инграм постигна 18 коша. Тандер сега имаат скор 10-2, додека Пеликанс паднаа на 3-9.
Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо и Виктор Вембањама имаа извонредни индивидуални достигнувања во победите на своите тимови. Џејмс, кој за месец и половина ќе наполни 40 години, ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победата од 128:123 на домашен терен против Мемфис Гризлис со четвртиот „трипл-дабл“ сезонава со 35 поени, 14 асистенции и 12 скока. Адетокумбо во домашната победа од 127:120 на Милвоки Баксдома против Детроит Пистонс, придонесе со 59 поени, 14 скока и 7 асистенции, додека Вембањама имаше рекордни во кариерата 50 поени во победата на Сан Антонио Спарс со 139-130 дома против Вашингтон Визардс.
Лос Анџелес Клиперс беа поразени со 103:111 на гостувањето против Хјустон Рокетс. Домашните Рокетс го решија натпреварот со голема серија од 19:2 на крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина, кога побегнаа на 98:79 пред последните 10 минути. Клиперси на минута ипол пред истекот на времето успеаја да се доближат на 107:103, но немаа сили да направат пресврт.
Џејлен Грин ги предводеше Рокетс со 21 коша, а Џејмс Харден беше најефикасен за Клиперс со 19 поени, кои паднаа на 50 отсто учинок со скор од 6-6. Рокетс, пак, се на петтото место во Западната конференција со 8-4.
РЕЗУЛТАТИ
Хјустон – ЛА Клиперс 111:103
Орландо – Индијана 94:90
Бруклин – Бостон 114:139
Њујорк – Чикаго 123:124
Филаделфија – Кливленд 106:114
Оклахома Сити – Њу Орлеанс 106:88
Милвоки – Детроит 127:120 (продолжение)
Сан Антонио – Вашингтон 139:130
ЛА Лејкерс – Мемфис 128:123
Портланд – Минесота 106:98
Сакраменто – Феникс 127:104
ТАБЕЛИ
Источна конференција:
Кливленд 13 0 100,0
Бостон 10 3 76,9
Орландо 7 6 53,8
Њујорк 5 6 45,5
Индијана 5 6 45,5
Чикаго 5 7 41,7
Атланта 5 7 41,7
Бруклин 5 7 41,7
Мајами 4 6 40,0
Детроит 5 8 38,5
Шарлот 4 7 36,4
Милвоки 4 8 33.3
Вашингтон 2 8 20.0
Филаделфија 2 9 18.2
Торонто 2 10 16.7
Западна конференција:
Оклахома Сити 10 2 83,3
Голден Стејт 9 2 81,8
Феникс 9 3 75,0
Денвер 7 3 70.0
Хјустон 8 4 66,7
ЛА Лејкерс 7 4 63,6
Мемфис 7 5 58,3
Сакраменто 7 5 58,3
ЛА Клиперс 6 6 50.0
Сан Антонио 6 6 50,0
Минесота 6 6 50,0
Далас 5 6 45,5
Портланд 5 8 38,5
Њу Орлеанс 3 9 25.0
Јута 2 8 20.0