Пролет е сезона на венчавки, прослави и родендени. Со малку имагинација и креативност, можете да го претворите вашиот дом во романтично цветно катче, кое на овој свечен ден ќе нуди пријатен амбиент за сите гости.
Добрата работа во тоа да го украсите домот со рачно изработени цветови, е тоа што ќе заштедите навистина многу пари, ќе го уредите токму онака како што вие сакате, а можете да ги рециклирате и работите кои ви зафаќаа место во домот (стари украсни хартии, весници, итн…).
Доколку ве зафаќа и вас треската на прослави, подолу ви нудиме неколку идеи за рачно направени хартиени цветови.