Марса Алам започнува да се развива пред околу десетина години. Ова е еден од најновите и сеуште слабо посетувани одморалишта во Египет. До неодамна Марса Алам било рибарското село, но владата одлучува да стане екслузивно одморалиште, па вниманието е насочено кон изградба на модерни хотели и доста плажи. Одморалиштето е дел од Хургада и местото привлекува туристи и нуркачи поради подводниот свет на Црвеното Море и чистата животна средина во околината. Во зимскиот приод е погоден за одмор со деца, бидејќи во заливот Марса Алам се наоѓа резерватот Абу Дабаб каде може да се видат желки и егзотични растенија.
Сафага е една од најстарите дестинации во Египет, која се наоѓа на 53 километри јужно од Хургада, а е позната по необичните плажи – многу луѓе се наоѓаат исцелени од црниот песок во регионот. До денес во Сафага се градат здравствени центри, кои нудат широк спектар на лековити процедури.