Новата сезона во Првата лига ќе стартува порано од вообичаеното и ќе трае подолго. Ова е резултат на новиот систем на натпреварување, кој е предизвикан од фактот што учествуваат само 10 екипи.
Почетокот на сезоната е планиран за 25 јули, а натпреварите ќе се одржуваат по четири круга (секој тим ќе игра по два натпревари на домашен терен и два на гостински).
Шампионатот ќе биде продолжен и во новата сезона ќе се одиграат вкупно 36 кола.
Првото значајно дерби ќе се одржи на 8 август, кога во Скопје новиот шампион Вардар ќе го пречека вицепрвакот тетовска Шкендија.




