Премиера на филмот „Jackpot“ инспириран од Џеки Чен


За режисерот Пол Фиг, комедијата „Jackpot“ е „изгубениот филм за Џеки Чен“, инспириран од делото на познатиот хонгконшки актер и мајстор за боречки вештини.

„Неговите ликови (на Џеки Чен) се класично секогаш се некој што не сакал да биде во таква ситуација, сѐ им е преку главата, не се агресивни, едноставно тие само се обидуваат да се извлечат од нешто“, рече Фиг.

„И тоа ми одговараше. И неговите филмови се исто така навистина смешни, и комбинираат и опасност и уметност. Па ете“, додаде тој.

„Џекпот“ е акциона комедија од студиото MGM на Amazon, во која главните улоги ги толкуваат американската актерка и комичар Авквафина и американскиот актер и професионален борач Џон Сина. Нивните ликови, Кејти и Ноел, работат заедно во дистописки Лос Анџелес каде што добитникот на Големата лотарија може законски да биде убиен пред зајдисонце и да си го земе џекпотот.

Филмот се прикажува во американските кина во четврток.

- Реклама -