Во текот на изминатата недела тие раменуваа нежности низ Европа, а сега продолжуваат да уживаат во својата љубов крстарејќи по Медитеранот.
Мараја Кери не може да се одвои од својот нов дечко, милијардерот Џејмс Паркер, но и од неговата луксузна јахта вредна 50 милиони долари. Паркер е еден од најбогатите луѓе во Австралија, и иако не важи за убавец, тој имаше врски со многу познати убавици, вклучувајќи ја и Миранда Кер.
Љубовните врски на Паркер во главно беа тајни, но романсата со Мараја не ја крие, баш напротив. Двојката не се воздржуа од разменување на бакнежи, прегратки и милување во јавноста, иако постојано се опкружени од папараците.
На пејачката не и смета што со нив на јахтата се и нејзините четиригодишни близнаци Монро и Морокан. Сепак, децата повеќе време поминуваат со дадилката отколку со својата мајка, која е зафатена со својот нов дечко.
Извори велат дека Мараја и Пакер се толку заљубени што веќе планираат и свадба. Поп дивата, наводно сака повторно да се омажи, штом официјално стави крај на бракот со Ник Кенон, таткото на нејзините деца.