Претепаното бебе може да го изгуби видот од повредите на главата

14-месечното девојче кое минатата недела беше примено на Ургентен откако мајката го донесе со видливи повреди, може да го изгуби видот.

Лекарите констатирале тешки повреди на главата, поради кои биле оштетени и очните нерви. За утре е закажано снимање на главата, по што точно ќе се знае колкаво е оштетувањето на видот и дали постои можност за корекција на штетата.

По цели 8 дена откако овој случај излезе во јавноста, ниту полицијата ниту Министерството за труд немаат конкретен одговор кој го претепал бебето.

Мајката ја искомплицира истрагата отако посочи дека живеела една недела кај маж и биле изложени на насилство со бебето. Тој човек во полиција кажа дека прв пат ги гледа, а ототгаш нема нови полициски детали.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -